Борјан Јованоски од параглајдинг клубот „Делта“ е севкупен победник на меѓународниот натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, што минатиот викенд се одржа во Џирокастер, соседна Албанија.
Во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска од клубот „Sky no limit“.
На натпреварот учествуваа 40 натпреварувачи од три држави меѓу кои и членовите на македонската параглајдинг репрезентација.
– Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови – се наведува во соопштението од Воздухопловната федерација на Македонија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















