Љубовта меѓу Албанката и Македонецот кои ги урнаа сите предрасуди во Македонија

1801

Бракот меѓу Аделина Тахири и адвокатот Серјожа Марков крена прашина бидејќи таа е Албанка, а тој Македонец. И покрај бројните предрасуди Аделина во една прилика одговори:

„Кога принцот на Англија ја прифати Меган Маркл без никакво прашање и одговор, зошто треба да е нашата љубов драматична.

Ние сме нормални луѓе, живееме во околина каде е нормално да се има таков брак, живееме во држава каде има и Албанци и Македонци.

Таа на Инстаграм, има околу 400.000 следбеници, Аделина објавува различни слики од нејзината дневна рутина. Деновиве убавицата од Македонија објави две убави глетки на Инстаграм.

Во едната слика се гледа со нејзиниот сопруг, Серјожа Марков. Над прекрасната слика со нејзиниот сопруг, Тахири напиша „Затоа што те сакам тебе “, пренесува rtv21.