Пилоти на австралиското воено воздухопловство објавија видео на кое се гледа колку им е тешко да летаат низ густиот чад и жестоките огнени стихии кои ја опустошија Австралија.
Видеото кое беше објавено на официјалната Фејсбук страница на австралиското воено воздухопловство е снимено од воен авион кој лета над погодените области над Малакота, Викторија и Нов Јужен велс.
Како што пренесуваат австралиските медиуми, видеото е најголем доказ за тоа колку им е тешко на воздухопловните единици да оперираат во едни такви услови, а инаку во близина воопшто авионите не можат да слетуваат и полетуваат.
„Тие се многу динамични услови. И покрај тоа што нашите екипи се добро тренирани и професионални, густиот чад придонесува за тоа пилотите да не можат да ја завршат мисијата од првиот обид“, соопштија од австралиското воено воздухопловство.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















