Специјалната обвинителка Ленче Ристоска е избрана за прв обвинител од Македонија за врски во Единицата за судска соработка на ЕУ – Еуроџаст (Eurojust). Таа ги презела должностите на 12 ноември. Како што се наведува во соопштението, нејзиното назначување е важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право.
Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.
Од 2008 година, Еуроџаст воспостави посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан. „Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.Во изминатите 10 години, обвинителите од различни земји од ЕУ и од Македонија заеднички работеле на поголем број случаи за проневера, измама, шверц на дрога и шверц на мигранти.
Ристоска од 2015 година е дел од тимот во СЈО.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















