Факт е дека Русите се специфичен народ. Во оваа држава која се простира на два континенти има сè, но сепак постојат некои факти за кои малкумина знаат.
1. Русија е земја на претседатели со интересни хобија. На пример, актуелниот руски претседател Владимир Путин обожува џудо – тој во 2008 година издаде ДВД со наслов “Учиме џудо со Владимир Путин”.
Од друга страна, Михаил Горбачов издал албум со романтични балади наречен “Песни за Раиса”. Раиса била неговата сопруга.
2. Музејот на сексот и еротиката во Санкт Петербург има еден необичен експонат – пенисот на рускиот јасновидец и царски советник Григориј Распутин (барем така тврди сопственикот на музејот). Експертите се сомневаат во вистинитоста на таквите тврдења иако во музејот навистина е изложен отсечен полов орган.

3. Карачајското езеро во јужен Утал, Советскиот сојуз некогаш го користел за фрлање на радиоактивен отпад, а денес се смета за најзагаденото место со нуклеарен отпад на светот. Јачината на радијација е толку висока што човек може да прими смртоносна доза само доколку помине еден час на неговиот брег.
4. Судбината на Килибарската соба е една од најголемите мистерии на Втората светска војна. Станува збор за просторија во Екатеринската палата во Царско село која е украсена со злато, накит и други вредни материјали, а која нацистите ја опустошиле во текот на своите освојувања.

5. Рускиот тим задоцнил на Олимписките игри во Лондон, 1908 година, дури 12 дена бидејќи се служеле со Јулијанскиот календар. Останатите спортисти го пресметувале времето по Грегоријанскиот календар.
6. Руските власти размислуваат за претворање на некогашните озлогласени гулази во туристички атракции. Некои статистики покажуваат дека низ овие концетрациони логори за присилна работа и медицински експерименти поминале повеќе од 18 милиони луѓе.
7. Дури 1835 лица се соблекле во костими за капење и се спуштиле со скии или сноуборд од сибирското одморалиште Шерегеш со надеж дека ќе бидат впишани во Гинисовата книга на рекорди.

8. Русија може да се пофали со најголемата лулашка на светот која е долга дури 170 метри. Таа е поставена во адреналискиот парк Скај во Сочи, во кој се наоѓа и еден од најдолгите висечки пешачки мостови на светот.
9. Во Москва некогаш постоел ресторан “The Twin Stars”. Како што кажува и самото име, во ресторанот работеле исклучиво близнаци и близначки кои во идентична облека ги послужувале гостите.
10. Метежот на московските улици е толку густ што богатите Руси изнајмуваат лажни возила на Итната помош со цел полесно да се пробијат низ сообраќајот.