Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и три други лица.
За нив постои основано сомнение дека сториле кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, измама на штета на средства на европската заедница, соизвршителство и несовесно работење во службата.
Покрај Димова, кривични пријави се поднесени и против З. З. во својство на управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, А. Г. во својство на надворешен соработник во Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и А. П. во својство на благајник во Агенцијата.
Четворицата се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















