Креаторка ги обвини сестрите Беквалац дека ја украле: “Не можев да се смирам, не ми се верува колку далеку можат да одат

193

Дизајнерката Невена Ивановиќ тврди дека новиот спот на Наташа Беквалац и Стефан Ѓуриќ Раста за песната „Из далека“ е копија на нејзиниот моден перформанс

Својот прв дует Наташа Беквалац и Стефан Ѓуриќ Раста го објавија изминатиот викенд и веќе претендира да стане голем хит.

Освен што е воодушевена од песната и, генерално, спојот, публиката е воодушевена и од спотот, кој е несекојдневен.

Имено, бидејќи помладата сестра на Наташа, Кристина Беквалац, се потпишува како стилистка за потребите на целиот спот, дизајнерката Невена, која е едно од најпочитуваните имиња на српската модна индустрија, за овој „делумен грабеж“ ја „обвинува“ токму неа.

Меѓу другото, Невена тврди дека Кристина и други познати имиња на естрадната сцена ја контактираат за соработка, но кога ќе им каже дека мора да платат за изнајмување на костимите, се откажуваат од тоа.

Кога вчера ја видов објавата на Кристина врзана за спотот, не можев да се смирам затоа што не ми се верува колку далеку можат да одат некои луѓе. Сето тоа би било супер да не е делумно украдено. Всушност, сите што ја познаваат мојата работа, а особено од 2021 година, што се разбираат барем малку во естетика, дизајн, уметност, ќе знаат дека идејата е украдена од мојот перформанс“, вели Невена во почетокот на своето обраќање.

За жал, не ги заштитив авторските права затоа што не знаев дека ќе дојде до ова, но дојде. Така што, законски, не можам да преземам нешто… немам ни енергија да се занимавам со ова! Се’ додека креирам, некој ќе ме копира, но тој секогаш ќе биде чекор зад мене. Жал ми е то другите заработуваат на туѓите идеи“, додаде креаторката.

Дали ќе се огласи по овој повод самата пејачка, останува да видиме…