Според детали кои ги има „Сител“ од драфт-верзијата на Законот за работни односи, според кој нема да се работи во недела, на овој ден ќе работат само трговските центри „на одредени локации“, според она што е кажано од преговарачите.
Телевизијата открива дека меѓу 34 дејности кои ќе бидат исклучени од обврската да не работат во недела ќе бидат аптеките, болниците, транспортот, медиумите и бензинските станици.
Според проекцијата, теоретски во недела би можела да работи само една третина од постојаната работна сила во земјата.
Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во синоќешното гостување во „Дневник“ на Сител рече дека 34 дејности ќе можат да работат и в недела според драфт-верзијата на Законот за работни односи кој се очекува Владата да го испрати во Собранието
“Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела“, рече Битиќи, коментирајќи го предлог-законот кој Владата го најави уште во својата изборна програма.
И Сојузот на синдикати на Македонија потврди дека ќе има зголемена дневница и слободен ден за работа во денот недела.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















