Ќе бидеме имуни на коронавирусот најмалку три години по вакцината! Асимптоматските случаи им ги отворија очите на лекарите

409

Доколку вакцините за коронавирус ефикасно предизвикаат имунолошки одговор на човечкото тело, се надеваме дека имунитетот кон САРС-КоВ-2 ќе трае најмалку три години.

Mожеби и подолго, можеби имунитетот ќе трае десет години, но сега никој не може тоа со сигурност да го каже бидејќи САРС-КоВ-2 е нов вирус, вели Славољуб Милошевиќ, познатиот молекуларен имунолог, кој живее и работи во Минхен и кој е потпретседател на биотехнолошката компанија Медиџен.

Според неговите зборови тоа го докажале група научници кои анализираа зошто има асимптоматски случаи во пандемијата на овој опасен вирус. Откриле дека повеќето од нив имаат антитела кон еден од шесте познати типови на коронавируси кои предизвикуваат нормални настинки. Околу 30 проценти од испитаниците биле претходно заразени со еден од овие типови на коронавирус во период од три години пред да се заразат со САРС-CoV-2.

Патем, сите коронавируси се многу слични, вели тој. Бидејќи овие испитаници имаат антитела кои исто така го контролираат овој сегашен вирус, се очекува имунитетот на овој вирус развиен по вакцинацијата да трае најмалку три години, бидејќи тоа е нешто што е измерено. Тоа не е идеален имунитет, но би било доволно да се задржи вирусот САРС-КоВ-2 под контрола, да се спречи пандемија и заразените да немаат сериозна клиничка слика.

На прашањето зошто имаме луѓе кои двапати или дури три пати биле заразени со ковид-19, тој одговара:

Ова е тешко да се објасни од имунолошка гледна точка. Можно е да имало грешка во дијагнозата, PCR не е идеален тест, може да биле лажно позитивни. Теоретски кажано, ако му се случи на некој, од различни причини, да има некои карактеристики на имунолошкиот систем што овозможуваат повторна инфекција, тоа ќе биде исклучок. Но, нема масовно заболување по втор пат. Никој не може да гарантира дека од 1.000 претходно заразени лица, истиот број ќе биде заштитен. Дури и вакцините не го гарантираат тоа, нивната ефикасност е 90-95 проценти. Но, нема да има пандемии, па дури и епидемии. Запирање на пандемијата и масовното ширење на вирусот е главната цел на вакцинацијата.