Работите на сообраќајниот коридор од Нови Сад до Рума ќе започнат следната година и ќе бидат во вредност од 606 милиони евра. Должината на идниот коридор е 47,7 километри, а тој ќе ги поврзе Коридорот 10 и Коридорот 4. Интересно е што на него ќе се наоѓа тунелот Иришки венец, кој е долг 3,5 километри, и кој ќе биде најдолг во Србија.
Клучниот градежен објект на патот од Нови Сад до Рума ќе биде двоцевкастиот тунел низ Фрушка Гора, долг 3,5 километри, од Ириг до Парагово и уште еден мост преку Дунав, долг 1,8 километри.
Коридорот е дел од патот Нови Сад – Рума – Шабац – Лозница – граница со Босна и Херцеговина.
Комерцијалниот договор за изградба на т.н. Фрушкогорски коридор со кинеската компанија ЦРБЦ, вреден 606 милиони евра, беше усвоен од српската Влада, а Министерството за градежништво и инфраструктура потсетува дека Србија доби потврда од кинеската Ексим банка, односно кинеското Министерство, дека е одобрен кредитот за финансирање на тој проект.
Еве како ќе изгледа целиот проект вреден 606 милиони евра:














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















