Ким пристигна во Русија: Блиндираниот воз на севернокорејскиот лидер ја минал границата, го дочекале со леб и сол

404

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигнал во блиндиран воз во Русија, каде утре во Владивосток ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

На Ким по доаѓањето на железничката станица Хасан во Приморскиот регион му бил приреден дочек со цвеќе и традиционално добредојде со леб и сол, пренесува “RIA”.

“Ме радува посетата на Русија”, рекол Ким по излегувањето од возот во Хасан, каде го дочекал рускиот министер за Далечниот исток и Арктик, Александар Козлов, пренесува “Tass”.

Козлов изразил надеж дека оваа посета ќе му остане на Ким во спомените.

“Ким Јонг Ун кажа дека ова не е негова последна посета на Русија. Кажа дека ова е само прв чекор”, соопштиле руските службеници.

Освен Козлов, Ким го дочекале и губернаторот на Приморскиот регион, Олег Кожемјако, како и рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегор.

Севернокорејскиот лидер ја посетил и куќата на руско-корејското пријателство.