Овој рецепт ќе ви стане омилено решение за настинките и болката во грлото
Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.
Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.
Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.
Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.
Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.
Потребни состојки:
- 0,5 децилитри виски
- половина лимон
- една чаша вода (по желба)
- 1 лажица мед
Начин на подготовка:
- Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
- Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
- Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
- Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

