Капело беше во право: Четири играчи доаѓаат во Реал за 500 милиони евра

0
260

Кога Фабио Капело пред неколку дена изјави дека според неговите информации Реал има буџет од половина милијарда евра за преодниот рок, многумина сметаа дека станува збор за претерување.

Меѓутоа, Перез ќе го потпише најголемиот договор во историјата на фудбалот со „Адидас“, 120 милиони по година, а новиот „Бернабеу“ ќе се отплатува 26 години, со максимално поволна камата. Тоа ослободува средства за големи трансфери и нов почеток. Зидан нема да промени многу играчи, по неговото враќање се откажа од Марсело, веројатно и Иско. Клубот сака да се ослободи од Бејл и можеби и Крос, меѓутоа, се чини дека никој од клучните играчи нема да го напушти Мадрид.

Дојде Милитао како засилување за одбраната, пред вратите е и Јовиќ кој ќе биде замена за Бензема.

Азар е веќе договорен, Реал ќе плати 120 милиони за Белгиецот, а уште 150 милиони би требало да бидат вложени во Погба, или Крос да биде дел од трансферот. Тука Зидан и Перез не се сложуваат, меѓутоа тренерот ќе го има последниот збор.

Перез и понатаму го цели Нејмар како трета голема ѕвезда на летото, тој е убеден дека Бразилецот е единствената маркетиншка замена за Роналдо, Мбапе е невозможна мисија, а ПСЖ би го продал Бразилецот единствено за некоја огромна сума. Но, ако си заминат Крос и Бејл, можеби и Тибо Куртоа, ќе има пари и за Бразилецот со што Перез повторно би ги срушил сите свои рекорди кога станува збор за вложени пари во еден преоден рок, но и повторно би бил сопственик на најголемиот светски трансфер. Тој го рушеше истиот со Фиго, Зидан, Роналдо и Бејл, сега сака да го направи истото и со Нејмар кој веќе е најскап, откако ПСЖ го плати 222 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here