Канадски тинејџер поставил камера во матното езеро: Тоа што го видел ѝ помогнало на полицијата да реши случај стар 27 години

267

Кога канадскиот тинејџер Макс Веренка (13) во Ревекстоук, Британска Колумбија, открил потонат автомобил на дното на езерото Грифини тој не ни размислувал дека со тоа ќе ѝ помогне на полицијата да реши случај стар 27 години.

Верена бил на езерото и на длабочина од 4.5 метри забележал нешто кое личи на превртен автомоил. Ја известил полицијата и ги однел на лице место, а потоа нурнал со својата GoPro камера и го снимил тоа што го нашол.

Бидејќи било потврдено дека станува збор за потонат автомобил, три дена подоцна дошол тим од полициски нуркачи и се изненадиле кога во автомобилот го пронашле телото на 69-годишната Џенет Ферис од островот Ванкувер која исчезнала пре 27 години.

„Ги одведовме со нашиот чамец и им го покажавме местото“ – изјавил Веренка за CTV News.

Нуркачите ги извадиле регистарските таблички и се воспоставило дека автомобилот припаѓа на Џенет Ферис која исчезнала од 1992-та година додека со својот автомобил одела на венчавка во Алберти. Полицијата не верува дека станува збор за убиство туку дека излетала од патот за да не удри во некое животно, а потоа паднала во езерото.

„Кога првпат слушнавме дека некој има во автомобилот срцето ми замина во петите“ – вели мајката на Макс, Ненси Веренка.

Канадската полиција го пофалила тинејџерот поради неговото “остро око“ и му се заблагодарила поради неговата одлична детективка работа, благодарение на која успеале да решат еден случај стар 27 години.

„Полицијата ќе размисли за ова дете на кое понатаму може да му понудиме работа“ – изјавил инспектоот Томас Бекни.

Семејството на исчезнатата жртва конечно го нашла својот мир.

„Мислам дека е најлошо кога не знаете што се случило“ – изјавил нејзиниот син Џорџ Ферис.

„Ова сепак е среќен крај затоа што сега знаеме каде починала и дека станувало збор за несреќа“.

loading...