Камион со отпаден материјал се запали во населбата Усје

103

Камион со отпаден материјал се запали попладнево на приватен плац на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот е изгаснат за кратко време и оти нема никаква опасност. Интервенирано е со четири возила.

Пожарот е пријавен околу 13:50 часот и веднаш е излезено на терен.

Фото: Курир.мк