„Каков е тој расизам кога на црнец му велите дека е црнец? Никаков!“

743

Поранешниот англиски репрезентативец Џон Барнс предизвика вистинска бура во европскиот фудбал откако застана во одбрана на романскиот судија Себастијан Колтеску, откако овој беше распнат зашто помошникот во Истанбул Башакшехир, Пјер Вебо го нарече црнец.

Барнс предизвика бура и отвори огромна дебата, па се најде на удар на низата невладини организации кои со години се борат со кампањи против расизмот во фудбалот, а Англија многупати досега се жалеше на расистички испади против свои репрезентативци и фудбалери во свои клубови кои имаат темна кожа, а биле мета на навивачи, противнички играчи, управи…

„Па ние на луѓето им велиме да не викаат црнци! Таму беа пет-шест тренери и сите Турци, а еден треба да исклучите. И како на судијата ќе му објасните кого да исклучи, нормално судијата рече: ‘тој црниот’. А, што требаше да каже? Не разбирам зошто црн човек не може да го опишеш како црнец. Каков е тој расизам ако црнецот го наречете црнец?!“, објавил Барнс.

И потоа следела канонада од несогласувања, па навивачите по социјалните мрежи почнале да му пишуваат дека судијата требало да го именува по име – Пјер Вебо.

„Четвртиот судија мора на главниот да му каже на кого да му пријде. А, му објаснил многу едноставно – тој црниот! Работа на четвртиот судија е да го идентификува прекршителот, не да бара како се вика. Ние имаме посериозен проблем со расизмот и никој не сака тоа да го види. Во Англија се направи бура поради расистички испади во Црна Гора, а ние во Англија секоја недела слушаме расистички извици и никому ништо. За Црна Гора сите беа згрозени, а во Англија сите си свиркаат. Ние тука во Англија се правиме слепи и глуви дека нешто ни се случува“, додава Барнс.