Како конечно да престанете да се грижите за тоа што мислат другите за вас?

181

Многу е едноставно да се препуштиме на верувањето во она што другите го мислат за нас врз основа на она што го гледаат на социјалните мрежи.

Гледаме како другите добиваат сѐ повеќе лајкови, следачи и онлајн пријатели и тоа преку обработени фотографии кои не го прикажуваат нивното вистинско јас, каде истакнати се само најдобрите карактеристики и скриени се сите недостатоци, па се преиспитуваме што се случува со нас и нашите животи.

Толку ни е важно дали некому ќе се допаднеме или не и тоа само затоа што пред нас ги гледаме бројките кои сведочат за тоа. Не е работата само во тоа, туку и во нашиот природен инстинкт на чија основа сакаме сите да нѐ прифатат. Без оглед на тоа дали е преку екран или на друг начин, имаме потреба да се грижиме за тоа што другите мислат за нашиот изглед, карактер и успеси.

Од таа причина се трудиме од петни жили да ја придобиеме наклонетоста на луѓето околу нас и да се преиспитуваме околу тоа делови од својата личност треба да ги промениле за да се случи тоа. Проблемот со овој процес е што забораваме да се запрашаме дали тие луѓе воопшто ни се допаѓаат и дали ние си се допаѓаме самите на себе додека сме околу нив. Правиме сѐ што е во наша моќ за да им се допаднеме на луѓето околу себе, наместо да работиме на тоа прво да си се допаднеме самите на себе.

Ако не се грижиме за туѓото мислење, тоа значи дека се грижиме што ние самите мислиме за нас. Тоа значи дека ги прифаќаме сопствените чувства и ги вреднуваме на вистинскиот начин, наместо постојано да се прашуваме што другите чувствуваат.

Тоа значи препознавање на сопствените вредности кои другите можеби и не ги гледаат и прифаќање на самите себе на најдобриот можен начин. Сите имаме свое место на планетава и ако чувствувате дека другите ве осудуваат и прават да се чувствувате лошо, тогаш тоа не е ваше место и време е да си заминете.

За да престанете да се грижите за тоа што мислат другите за вас, важно е да ги пренасочите своите цели и самите да дојдете до заклучок дека нема секој да се вклопи во вашиот пат кон успехот. Дали тие ви помагаат на пораснете? Дали влијаат на тоа да станете подобра личност? Или само укажуваат на вашите несигурности и прават да се чувствувате полошо?

Вашиот живот не треба да се врти околу тоа да им удоволувате на другите, туку околу пронаоѓање на својата цел во животот и следење на таа цел.

Тоа всушност ќе направи другите околу вас да се чувствуваат незгодно, особено оние и самите не знаат што прават. Таквите луѓе ќе ги избркате од животот со помош на самоспознавање и спознавање на своите животни страсти, затоа што тие нема да бидат доволно силни за да признаат дека не ја пронашле својата цел. Не дозволувајте нивните мислења да ве онерасположат.

Имате цел која е многу поголема од тоа постојано да се трудите да им се допаднете на другите луѓе. Еднаш кога ќе го сфатите ова, ќе ви биде многу полесно да не се грижите за нивното мислење.

loading...