Каде патуваа богатите во 2019-та година? Ова се нивните омилени дестинации, а меѓу нив и една земја од регионот

171

Кога станува збор за одмор, богаташите бараат посебно доживување, а една земја во нашиот регион особено им е интересна од повеќе причини.

Патувањата станаа многу популарен начин на кој богатите луѓе го покажуваат својот статус. Нивната идеја за идеален одмор е многу поразлична од класичното летување, пренесуваат од „Business Insider“.

Еве каде најмногу патуваа богатите во 2019-та година:

1. Египет

Постојат две атракции кои богатите туристи ги привлекуваат во Египет. Првата е крузерот „Stream Ship Sudan“ кој плови по Нил и застанува поради археолошките пронаоѓалишта, храмови и гробници, а втората е Големиот египетски музеј кој се гради во близина на пирамидата Гиза.

2. Јапонија

Главниот остров во Јапонија, Хоншу има многу луксузни понуди за богатите од капење во топли извори опкружени со снег до скијање на Наган.

3. Исланд

Патувањата во Исланд се зголемиле двојно во 2019-та година во однос од 2018-та година. Многумина патуваат во оваа земја за да ја видат поларната светлина.

4. Колумбија

Нејзините џунгли ги привлекуваат авантуристите, а откако е отворен ексклузивниот „Корокора камп“ во рамките на приватниот природен резерват и богатите секогаш се упатуваат таму.

5. Бутан

Бутан поради својата сочувана природа е создаден за прошетки. Многу од туристичките компании организираат пешачки тури до тамошните манастири и искачување на планини високи до 3.600 метри.

6. Руанда

Руанда е прогласена за нова афричка луксузна дестинација во март 2018-та година. Во неа дивината и природата можат да се доживеат во целост.

7. Мјанмар

Мјанмар во понудите има неколку лускузни патувања со брод по реката Иравади како и до елитната плажа Нгапал.

8. Турција

Турската лира е во пад, отворени се нови хотели, а политичката ситуација се стабилизира па не е ни чудно што оваа земја е многу привлечна за туристите. Тиркизното море, тајните плажи, ексклузивните барови и клубови се само некои од причините за посета на Турција.

9. Оман

Оман е следната најпосакувана дестинација меѓу богатите. Работниците од најлуксузните хотели тврдат дека културата и единствената топографија на оваа земја се навистина интересни за туристите.

10. Црна Гора

Помалку позната од Хрватска и Грција, Црна Гора е привлечна за милијардерите поради своите природни убавини и единствено крајбрежје. Особено станала интересна поради луксузниот хотел „Chedi Luštica Bay“.