Кинескиот ровер „Јуту-2“ на темната страна на Месечината забележа необична густа материја што има форма на гел, и по боја, состав и густина се разликува од останатите материи на нашиот природен сателит, пренесе „Скај њуз“.
Возилото-робот е составен дел од кинеската мисија Чаное-4, чиј вселенски брод слета на Месечината на 3 јануари годинава. Роверот веќе 18 недели испраќа податоци до базите на Земјата. Врз основа на снимките, кинеските научници откриваат дека „површината на темната страна на Месечината е многу поразлична отколку што се претпоставуваше“, истакнува кинескиот астроном Јуј Тијани. „Јуту-2“ е првиот робот во историјата кој слета на досега неистражената страна на Месечината.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















