Јовановски: Македонци, ако еден ден се разбудите како Бугари, спокојно, тоа е само привремено

506

Актерот Владо Јовановски со саркастичен тон ја коментира заспаноста на македонскиот народ додека му го оспоруваат идентитетот.„Македонци, еден ден кога ќе се разбудите, ако некои кришум, тајум, ноќум, ве пишале како Бугари, тоа не е причина да си го нарушувате сонот. Спијте си спокојно, тоа е само привремено.

Прашање на време е кога соседна Србија пред нас ќе влезе во ЕУ и ќе си бидете Јужносрбијанци или Чокалии, под претпоставка дека во некое идно време и кај нив може да се разбудат духовите од минатото.

Но, вие не се обеспокојувајте, спијте си мирно и тоа ќе е за кратко, додека во ЕУ не влезе соседна Албанија (тука мојата фантазија е сиромашна). Тогаш, може ќе побарате да бидете Славофони, со коса црта /, Скопја или Скотја, сè исто, А потајно ќе жалите за ‘пусто турско’. Е тогаш и ќе нема потреба од будење.

А јас, ако тој ден се разбудам жив, со мирна совест ќе се изјаснам како ПАЈОНЕЦ!“, реагира на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.