„Јас и семејството сме многу потресени“: Се огласи Дарко Ковачевиќ по обидот за атентат врз него

240

Дарко Ковачевиќ, некогашен репрезентативец на Србија, потоа директор на национални селекции, сега шеф на скаут службата на Олимпијакос во кој брилираше по настапот за Црвена Ѕвезда, се огласи по обидот за атентат врз него кој го преживеа во вторникот навечер во Глифада.

Да ве потсетиме дека неколку грчки новинари изјавија дека е ранет, а потоа го демантирале тоа и соопштиле дека тој го избегнал куршумот во моментот кога било пукано во него и дека се наоѓал во болница поради повреда на коленото која ја здобил при падот кога се обидувал да побегне.

Ден и половина по атентатот, Ковачевиќ се огласи со следното соопштение за јавноста:

„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на своите пријатели, познаници, навивачи… На сите луѓе кои ми упатија поддршка по повод вчерашниот настан од кој јас и моето семејство бевме многу потресени.

Не сум конфликтна личност, немам непријатели и никогаш не сум ги имал, такви работи не ме интересираат. Отсекогаш сум бил спортист, семеен човек и токму спортот и семејството се единствените работи кои го прават мојот живот.

View this post on Instagram

Pre svega, zelim da zahvalim svim prijateljima, poznanicima, navijacima…svim ljudima koji su mi uputili podrsku povodom jucerasnjeg dogadjaja kojim smo moja porodica i ja veoma potreseni. Nisam konfliktna licnost, nemam neprijatelje i nikada ih nisam imao, takve stvari me ne interesuju. Uvek sam bio sportista, porodican sam covek, i upravo sport i porodica su jedine dve stvari koje cine moj zivot. Ono sto u ovom trenutku mogu da kazem jeste da verujem u pravdu, a policiji ostavljam da radi svoj posao i imam poverenje u njih da ce istinu i pravdu pronaci. Hvala Bogu, dobro sam. I jos jednom hvala svima koji brinete. First of all, I would like to thank all my friends, fans and all people that cared for me and sent their love during yesterday's awful experience, that shocked me and my family. I am not a conflict related person, I don't have enemies and I never had them, those kind of things don't interest me. I was always an athlete, family person and those two exact things are the only things that made my life. The only thing that I can say right now is that I believe in justice, and I leave it in the hands of the police to do their job and I have the confidence in them that they will find the truth and the motive of this horrible event. Thanks God I am fine. Once again, I want to thank everyone for your concern and nice messages during the past days.

A post shared by Darko Kovacevic (@darkokovacevicofficial) on

Тоа што во овој момент сакам да го кажам е дека верувам во правда, а полицијата ја оставам да си ја работи својата работа и имам доверба во нив дека вистината и правдата ќе бидат пронајдени. Му благодарам на Бог, добро сум. И уште еднаш им благодарам на сите кои се грижите за мене“ – изјавил Дарко Ковачевиќ по пат на социјалната мрежа Инстаграм.

Мотивот за овој обид за убиство сè уште не е јасен, но регистрацијата и деловите од пиштолот би можеле да ѝ помогнат на грчката полиција брзо да го расветли овој случај.