Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, го поддржа проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, оценувајќи дека членството на земјите од регионот во Унијата ќе реши многу проблеми во тој регион, вклучувајќи го и прашањето за границите и мешањето од странски фактори.
Проширувањето на ЕУ е од заеднички интерес, тоа треба да биде наш стратешки одговор на бројни предизвици – порача Јанша на виртуелната заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
По вчерашната средба со лидерите на Европскиот парламент, на која тој ги презентираше приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ од 1 јули, Јанша сугерираше дека пристапувањето на целиот Западен Балкан во ЕУ може да помогне во решавањето на проблемите како што се миграцијата и малигното мешање од страна на Русија, Турција и Кина.
Ако ме прашате како можеме да го решиме проблемот во врска со нашите граници, јас би ви одговорил – имајќи европска перспектива … Ако им дозволиме на одредени земји да станат членки на ЕУ сите заедно, откако ќе ја добијат ЕУ-перспективата и ќе станат членки, проблемите ќе исчезнат – нагласи тој.
Јанша, најави и дека за време на претседателството на Словенија, на 6 октомври ќе се одржи неформален самит на земјите од ЕУ и лидерите на Западен Балкан, на кој ќе се направи обид да се придвижи прашањето од позицијата на ќорсокак.
Како што јавија словенечките и хрватските медиуми, Јанша нагласил дека Словенија го поддржува влезот на Хрватска, како и Бугарија и Романија во Шенген зоната, затоа што тоа се потези кои би ја засилиле безбедноста во Европа.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















