„Ја премина границата! Го трпев неговото сексуално злоставување“

1097

Кралицата на поп музиката Мадона, се нашла на листата на жени кои пријавиле дека биле сексуално злоставувани од продуцентот Харви Вајнштајн.

Таа неодамна во интервју за списанието „New York Times“ открила дека Вајнштајн  ја преминал границата кога неговата поранешна компанија работела со неа на дистрибуцијата на документарниот филм од 1991-та година „Вистина или предизвик“.

Мадина била свесна за предаторското однесување на Вајнштајн во тоа време, но таа кажала дека тоа било нешто кое сите луѓе го “трпеле“.

Каиерата на Вајнштајн нагло се срушила во октомври 2017-та година, откако актерката Ешли Џад изјавила дека продуцентот сексуално ја злоставувал во хотел пред повеќе од две децении.

Набрзо после тоа, повеќе од седумдесет популарни жени го обвиниле за злоупотреба на моќ и секлуално злоставување, вклучувајќи и силување.

Американскиот продуцент и неговиот адвокатски тим успеале да се договорат со жените кои го обвиниле за секлуално злоставување. Договорот е постигнат со тоа што Вајнштајн ќе мора да исплати 44 милиони долари.

30 милиони долари ќе добијат жените кои го обвиниле, а дури 14 милиони Хари ќе мора да ги даде за судски трошоци.