Ја избричи главата и се истетовира за неа: Балашевиќ за тажната судбина на неговата ќерка

234

Иако не е некој што сака тетоважи, Ѓорѓе Балашевиќ направи една на левата рака – глувчето Амос, во 1999 година, за да ја исполни желбата на својата ќерка Јелена, која во тоа време беше на работ на смртта, после сообраќајна несреќа поради која беше неподвижна со месеци.

Покрај тетоважата, пејачот-текстописец ја избрича и главата, сето тоа само за неа.

„Не сум личност што сака тетоважи. Но, кога Јелена доживеа сериозна сообраќајна несреќа, настана голема Б0РБА за нејзиниот живот. Сè беше против нас и се чинеше дека таа никогаш повеќе нема да се врати на нозе. Потоа и ветивме дека секој од нас ќе стори нешто што таа би сакала, што инаку ние не би го сториле.

Мајка и рече дека ќе лета преку океанот иако се плаши од летање. Јас се согласив да ја избричам главата и да направам тетоважа. Нашата ќерка го сакаше тоа“, изјави во една прилика Балашевиќ.

Исто така, во тој период ја напишал култната “Naopaku bajku“ за својата ќерка.

„Кога мојот тату-мајстор ме виде, ме праша дали сум во климакс. Не му беше воопшто јасно од каде идејата да се тетовирам. Му реков дека е кладба и тогаш тој ми даде каталог за да изберам тетоважа. Имаше змии, ламји, но го замолив да направи слика за мене. Прва во конкуренција беше малото глувче Амос. Тоа е глушец кој живее во шапката на Бенџамин Френклин и му кажува како што да направи. Всушност, глувчето ги измисли бифокални очила и громобранот, а не Бен!

Така, тој глушец има врска со мојата семејна приказна. Тој глушец има посебно значење во моето семејство. Mојата сопруга Оливера е мојот Амос. Сите тие се мои мали Амоси, кои ми шепкаат зборови, а потоа правам песни од тие зборови и создавам приказни што ќе ги раскажам подоцна на концерти “, заклучи пејачот-текстописец.