Научниците првпат успешно креирале метод на криопрезервација за одгледување авокадо, а на тоа работеле над 40 години.
И покрај тоа што се сметало дека членовите на посадата кои што ќе престојуваат на Марс имаат мени од намирници, воглавно од компир, научниците моментално работат на тоа на таа листа да го додадат и авокадото.
Истражувачи од Универзитетот во Квинсленд, осмислиле метод кој како смрзнати, може да сочува и делови од авокадо, а потоа да ги „оживее“ за да пораснат во здраво растение.
Изданоците се ставаат во алуминиумска фолија и се чуваат во течен азот.
„Претпоставувам дека можеме да кажеме дека станува збор за авокадо како вселенска ера, подготвено е да биде замрзнато и префрлено на Марс кога човечкиот лет ќе стане возможен“ – изјавила професорката Нина Мајтер.
Тимот тргнал во оваа мисија за да го пронајде решението за водата. Значи, не само да се обезбеди храна на другата планета, туку и одредени растенија да се сочуваат и за потребите на планетата Земја.
Avocados can be cryogenically frozen and shipped to MARS
https://t.co/QkpijFxzy0
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 25, 2020