Исчистете ги затнатите пори на скалпот: По овој рецепт, косата ќе ви расте како луда!

784

Никогаш не би ви паднало на памет дека од ова ќе ви расте косата!

Речиси секоја жена има утрински и вечерен ритуал на чистење на лицето, но колкумина од нас некогаш би се сетиле да ја исчистат кожата на главата?

Ако чувствувате дека скалпот ве чеша, чувствувате некаква тежина, а шампоните не ви помагаат, тоа не треба да ве чуди, бидејќи веројатно порите на скалпот ви се затнати од себумот, нечистотиите и наслагите од препаратите за стилизирање на косата.

Феноменалните резултати ќе ги забележите по еден месец, а процесот на чистење на порите би требало да го повторувате барем еднаш неделно.

Истиот ефект ќе го добиете и ако наместо активен јаглен употребите морска или кујнска сол. Морската сол исто така треба да ја издробите пред употреба, а во овој случај, не треба да користите шампон. Ако имате сува коса, измешајте ја солта со лажица растително масло.

Напомена: Смесата со јаглен не и’ одговара на многу светлата и седа коса, бидејќи бојата на активниот јаглен потешко се измива. Ако имате чувствителна кожа на главата, наместо јаглен и сол, користете шеќер.

Комбинацијата со шеќер им одговара на сите типови коса.

Постои еден едноставен начин да ги исчистите затнатите пори на кожата на главата, поради што растењето на косата ќе се забрза со неверојатна брзина.

Се’ што ви треба се три таблети активен јаглен и малку обичен шампон. Издробете ги таблетите со помош на лажица, измешајте ги со шампонот и истријте го скалпот со оваа смеса. Потоа, измијте ја косата како и обично.