ИНСПЕКТОРИ „ЧЕШЛААТ“: Дали колешка на гинекологот Асани има нелегална ординација во куќа

107

Втор вонреден инспекциски надзор ја тресе Струга за неполн месец.

Овој пат на пик е нелегална ординација на гинеколог, вработена во Општата болница во Струга. Токму таму, како што пренесе Телма, упаднале инспектори по пријава на пациентка дека во дива амбуланта се прават гинеколошки прегледи.

Од ДСЗИ се потврдуваат информациите дека се прави вонреден надзор во објект во Стуруга, но детали од истиот ќе бидат соопштени денеска.

Неодамна, нелегална ординација беше откриена во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани по пријава од пациентки кои Асани ги прегледувал во домашната ординација.