Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од
30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и неговата околина.
Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот „ИГРАЈ
СО НАЈДОБРИТЕ“, се фокусиравме на обезбедување инфраструктура за спортување.
Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани.
Со донација од 30.269.369 денари во изминатиов период, во Скопје и околината, ставивме во
функција, 11 игралишта. Од нив 6 се мултифункционални спортски игралишта на кои може да се
игра ракомет, фудбал или кошарка, а 5 се инклузивни детски игралишта. Нашата идеја е да
придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава
и игра.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за
спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија
Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и
унапредување на животот на граѓаните.
















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


















