Игор Спасов осудениот на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски бил пуштен на лекување поради влошена здрaвствена состојба.
Од Управата за извршување санкции велат дека тој треба да се врати во затворот на 6 август.
„Во медицинскиот наод, е наведено дека актуелната здравствена состојба кај осуденото лице се следи суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди, а заради која прекинот на казната е одобрен. На 05.07.2018 година, Основниот суд Штип го извести КПД Идризово дека на барање на осудениот, на истиот му се продолжува прекинот на казната, и осудениот ќе се врати на доиздржување на казна затвор во КПД Идризово на 06.08.2018 година“, пишува во соопштението.