Сопствениците на хотелот сметаат дека секој треба да може да мине одмор комфорно во бикини без некој да го осудува со поглед поради килограмите.
Изминатата година на Бахамите се отвори првиот хотел кој прима само плус сајз гости – „The Resort“.
За да можете да се сместите таму треба да имате најмалку 127 килограми, а лежалките и столиците на плажата издржуваат и до 254 килограми тежина.
Во склоп на овој комплекс има приватна плажа, долга 8 километри, како и богата трпеза на која гостите може да пронајдат сè што ќе посакаат.
Во овој ресорт почна да се снима и документарецот „My 18 to 30 Stone Holiday“, кој ќе биде промовиран на 27-ми јуни на TLC.
По успехот на првиот хотел, сопственикот Џејмс Кинг бара партнери затоа што сака да го прошири бизнисот и да отвори и втор хотел во САД.
Тој смета дека голем дел од Американците се плус сајз, па потребно им е место на кое ќе можат да го имаат одморот од соништата без некој да ги гледа осудувачки или да се грижат дали ќе ја скршат лежалката.
Хотелот се обидува да им помогне на сите да ги сакаат нивните тела и да се чувствуваат комфорно кога се на одмор.
Што мислите за оваа идеа?