Харден со монструозно забивање, судијата не виде дека е кош и досуди аут

634

Навистина интересен, но во исто време и спорен момент се случи на натпреварот помеѓу Хјустон Рокетс и Сан Антонио Спарс кој припадна во корист на Сан Антонио кој по продолженија победи со 135:133.

Имено, Џејмс Харден кој реализираше 50 поени беше креатор и на најинтересната случка на паркетот.

„Брадата“ украде една топка и излезе сам пред противничкиот кош и изведе монструозно забивање. Топката влезе во мрежичката, но потоа излезе од другата страна и даде впечаток дека тоа не е кош.

Судијата на натпреварот не досуди кош, а според резултатотможе да се види дека тоа е и клучен момент на средбата.