Добитникот на годинашната Нобелова награда за литература, Питер Хандке, денес е прогласен за персона нон грата во кантонот Сараево.
Оваа одлука, иницирана од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА), беше едногласно донесена на седницата на Собранието на кантонот Сараево.
Декларацијата го осудува доделувањето на Нобеловата награда на негаторот на геноцидот во Сребреница.
Во декларацијата се наведува дека последната фаза на геноцид е токму негирање на геноцид, и се наведува дека добитникот на Нобеловата награда за литература во јавни настапи за време на агресијата во БиХ јавно го поддржувал големосрпскиот режим, на чело со воениот злосторник Слободан Милошевиќ.
Во декларацијата се вели дека Хандке не ги менува ставовите денес, туку оди чекор понапред, најавувајќи го неговото доаѓање во БиХ и неговата посета на мајките од Кравица и околината на Сребреница.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











