Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе дојде до победа на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот кој се вози во Италија.
Стефановски од стартот имаше голем притисок од Џардели и Гвидети, но тоа не беше пречка да ја покори италијанската конкуренција на патеката. Возеше агресивно како и секогаш, влегуваше машки во секој дуел и на секој свиок, па на крај заслужено се радува на првата позиција.
Иџе ја заврши трката на првото место пред Алесандро Џардели кој имаше заостанување од девет секунди, а подиумот го комплетира Џакопо Гвидети со дури 15 секунди зад лидерот. За Стефановски ова е прва победа во новата сезона во ТЦР-шампионатот, или втор подиум по оној на омиелната патека „Имола“.
Стефановски во генералниот пласман има вкупно 51 бод и се наоѓа на десеттата позиција од вкупно 27 возачи на листата. Лидер е Ерик Бриљиадори со 115 бода, зад него е Салваторе Тавано со 110 бода, па следи Марко Пелегрини со 108 бода.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



