Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски од редовите на СДСМ преку статус на Фејсбук пишува дека е позитивен на коронавирусот.
-Почитувани пријатели, роднини и сограѓани,
Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.
За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.
Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.
Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.
Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Инаку тој во изминатиов период се сретна и со многу функционери од власта кои очигледно треба да заминат во самоизолација.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















