ГОТОВО: Познато е каде Погба ќе ја продолжи кариерата

1116

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид цело лето се обидуваше да го донесе Пол Погба, но изгледа дека нема да успее во својата намера.

Во пресрет на вечерашниот натпревар против Вулверхемптон, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер објави дека Французинот останува на Олд Трафорд.

„Немам апсолутно никакви грижи околу тоа. Сигурен сум дека ќе остане во Јунајтед“, изјави норвешкиот стручњак.

Освен Реал, за Погба беше заинтересиран и Јувентус, но и италијанскиот шампион засега останува со празни раце.