Големите зборови на Фергусон кој им ги рекол на играчите пред некој ден на тренинзите

0
35

Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, славниот Алекс Фергусон, имал интересен говор на тренинг центарот Керингтон, каде „ѓаволите“ тренираат“.

Тоа била првенствена идеја на привремениот тренер Оле Гунар Солскјер, кој беше донесен ден по заминувањето на Жозе Мурињо.

Според добро информирани извори на Sun, поентата на Фергусон која им ја посочил на оваа генерација играчи била дека тие мора да направат се што можат во себе, за да го издигнат овој клуб да биде повторно доминантен.

Фергусон им зборуваше за важноста на овој клуб, за тоа дека оваа група на играчи може повторно да воспостави доминација во Англија. Исто им рекол дека сака да ги види како уживаат на терен и се борат со љубов за овој дрес. Фергусон дури ги убедувал и им ветувал дека клубот во иднина ќе биде уште поголем од сега“, тврди извор на британскиот таблоид Sun.

Оле Гунар Солскјер ја знае важноста во зимскиот период, Јунајтед е моментално во Дубаи на неколку дневни подготовки, а тоа беше рутина и во минатото кога Фергусон исто така ги носеше своите играчи во зимскиот период или во Дубаи, или во Саудиска Арабија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here