Германските медиуми за рускиот “Терминатор”: Тоа е тенк на стероиди

144

Руското борбено возило за поддршка на тенкови “Терминатор” поседува огромна огнена моќ и нема сличен на Западот, пишува германскиот весник “Штерн”.

Возилото е опремено со единствен систем за вооружување и предвидено е за улични борби во густо изградени подрачја, каде обичните тенкови се неупотребливи, истакнува авторот на статијата.

“Всушност за него може да се каже дека е “тенк на стероиди” и тоа нема да биде претерана изјава. Притоа, неговото име прилично му одговара – возилото личи на футуристичките роботи од филмовите за “Терминатор””, пишува авторот на статијата.

Тој истовремено констатира дека во развојот на “Терминатор” јасно се гледа борбеното искуство кое Русија го стекнувала минатите децении.

Новинарот смета дека ова борбено возило може да стане извозен “бестселер”.

“Терминатор” е борбено возило за поддршка на тенкови, предвидено е за изведување на маневарски борбени акции во составот на тенковските и моторизираните единици како повеќенаменско средство, вклучувајќи користење на нуклеарно и други видови на вооружување за масовно уништување. Тој е конструиран на база на тенкот Т-90.

Поседува два топа 2А43, два автоматски фрлачи на ракети AG-17D, четири противтенковски ракети “Ataka” и 7,62-милиметарски митралез “PKTM”.