Македонското девојче Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на првенството во Германија во ритмичка гимнастика.
Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија, а се натпреваруваше со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале.
Се натпреваруваше со многу голема конкуренција. Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората. Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени. Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми.
Колку е сериозен натпреварот покажува и фактот што ги оценуваа 32 судии. Но, тоа не е проблем за „малата ѕверка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија.

Колку е таа успешна покажува и фактот што Илина веќе ја препознава и публиката во салата и секој нејзин настап е проследен со аплауз. Настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите.
Илина е по потекло од Скопје, но со семејството живее во Германија. Досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















