ГЕРМАНСКИ ДОКТОР: Короната е плод на мафијашка измама, главната цел на мерките е паника

268

Група германски лекари основаа здружение чија цел е да му ја кажат на светот вистината за вирусот корона, пренесува српски Курир.

Како што рече на прес-конференцијата д-р. Хајко Шонинг, еден од основачите, короната е само еден вид на вирусна група која секоја година се појавува во одредено веме.

Затоа, воведените мерки немаат никаква врска со вирусот! Но, главниот производ на овие мерки е паника, и тоа е опасно.

„Паниката од короната е обична инсценирана измама“, вели д-р. Шонинг, додавајќи дека е многу важно да се разбере дека сме во центарот на голем мафијашки трик и криминал. Како доказ ги понудил своите интервјуа, како и написи од други лекари од здружението.

На крајот, тој предупреди дека не се знае што ќе има во вакцините за коронавирусот. „Пред шест години, СЗО започна кампања во Кенија за вакцини, каде ампулите тајно содржеа хормон за бременост (окситоцин). Тие вакцини биле тајно дадени на пациенти, за што има докази, како и сведоци, доктори, па дури и 20 епископи“, рекол овој лекар.

Тој уште еднаш ја довел во прашање целисходноста на мерките против короната, затоа што имало многу необјавени научни докази што ја побиваат целисходноста на мерките.