Германската војска предизвика пожар по кој е прогласена природна катастрофа

0
175

Властите на регионот Емсланд во северозападниот дел на Германија прогласија состојба на природна катастрофа.

Ова беше направено поради пожар кој пред две недели го предизвикала ракетна проба изведена на полигон на германската војска, пренесе агенцијата АП.

Се тврди дека властите размислуваат за евакуација на околу 1.000 луѓе од две села во близина на градот Мепен, кој се наоѓа блиску до границата со Холандија.

АП информира дека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот кој зафатил област каде што германската армија спроведува вежби.

Чадот се проширил во радиус од над 100 километри и е видлив на сателитски снимки.

Соиред информациите, портпаролот на германското Министерство за одбрана, Јенс Флосдорф, изјавил дека ситуацијата е многу сериозна и се извинил во името на армијата за направената грешка.

Тој рече дека областа треба да ја посети и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here