Во своето обраќање, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, упати совет до верниците да не се вознемируваат затоа што не можат побројно да присуствуваат на светите богослужби во храмовите. Тој од нив побара да имаат трпение во овие моменти и ги повика да се молат во своите домови и своите срца.
„Поминуваме низ еден период кој од нас бара трпение, послушност и воздржување. Појавата на заразната болест, не натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. На нашите верници, и овде во Македонија и насекаде низ светот, им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нѐ избави од опасната болест“, вели г.г. Стефан во велигденското обраќање.
Во обраќањето, поглаварот на МПЦ-ОА ги повика верниците да се молат и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молат за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















