Иако „Франс фудбал“ оваа година го откажа доделувањето на „Златната топка“, славниот француски фудбалски магазин во избор на жирито ги прогласи своите најдобри 11 во историјата.
Секој ваков избор секогаш е предмет на бесконечни дискусии за тоа кој недостига во составот или неправедно е изоставен или кој е вишок, но оваа единаесетка според нас е апсолутно совршена.
НАЈДОБРИТЕ 11 НА „ФРАНС ФУДБАЛ“
Голман: Лав Јашин (Рус)
Одбрана: Кафу (Бра), Паоло Малдини (Ита), Франц Бекенбауер (Гер)
Среден ред: Лотар Матеус (Гер), Чави (Шпа), Пеле (Бра), Диего Марадона (Арг)
Напад: Лионел Меси (Арг), Кристијано Роналдо (Пор), Роналдо (Бра)


