Невообичаена несреќа што се случи во градот Гуијанг во кинеската провинција Гуижоу – ги растажи срцата на корисниците на Интернет, ширум светот. Мал трицикл за достава удри во задниот дел на скапиот Ролс Ројс Густ.
Почетната цена на Густ во Кина е 4,2 милиони јуани, па затоа е јасно дека и најмалите поправки се екстремно скапи. А, тоа е камен околу вратот за возачот на трицикл, бидејќи според кинеските прописи, оној што ќе удри во задниот дел на друго возило е автоматски виновник за несреќата.
Да биде работата уште полоша, возачите на трицикли за испорака обично не се осигурани, ниту на личен ниту на ниво на компанија, па затоа мора да ја плаќаат од својот џеб штетата што ја прават.
Постојат многу тажни приказни за возачи на трицикли, велосипеди и мини комбиња кои банкротирале по судири. Јавноста повика на нови закони за заштита на овие луѓе, но засега без резултат.
Затоа не е изненадувачки што возачот на трицикл плачеше како мало дете по судирот, иако се чини дека штетата на Ролс Ројс е минимална. Сепак, дури и мала поправка чини неколку годишни плати на сиромашен возач на трицикли.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



