Почна работниот ручек на премиерите на Северна Македонија и на Грција
Почна работниот ручек во Атина на премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Киријакос Мицотакис.
Од македонска страна, на работниот ручек присуствуваат и вицепремиерите Никола Димитров (за европски прашања) и Фатмир Битиќи (за економија), како и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Ова е прва средба Заев-Мицотакис, по изборите во земјава, односно по изборот на новата влада на СДСМ и на ДУИ.
Заев е втор ден во Атина, на конференција на „Економист“, на дискусии и средби посветени на она што, по членството во НАТО, е следна стратегиска цел на земјава – членство во ЕУ.
По смената на власта во Грција, денешната е трета средба на Заев и Мицотакис како премиери – по средбите во септември 2019 година, во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк и лани во ноември на Самитот во Солун.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















