Романците оставиле и порака во која се заблагодаруваат за организацијата истакнувајќи дека им било чест да се дел од големото европско фудбалско семејство.
Романската фудбалска репрезентација е елиминирана од Европското првенство откако во осминафиналето беше поразена од Холандија со 3:0.
Романците на крајот од мечот направија гест вреден за внимание, а поради состојбата во која ја напуштија соблекувалната, дури и УЕФА мораше да се огласи.
Соблекувалната буквално блескаше по заминувањето на Романците, па одговорните за социјалните мрежи на УЕФА споделија фотографија.
– Совршени гости, истакнаа од УЕФА.
-УЕФА ЕУРО 2024 беше едно од најважните фудбалски искуства во нашата историја и ни беше мило што Германија ја обезбеди сцената. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство не зближуваше околу магијата на фудбалот. Ја напуштаме Германија знаејќи дека дадовме се за Романија и сме благодарни за се што доживеавме овде. Беше чест да се биде дел од големото европско фудбалско семејство. Благодариме што направивте да се чувствуваме како дома, се вели во пораката на Романците.
Навистина, сите пофалби за селекцијата на Романија, која како да го следи примерот на јапонската репрезентација од некои претходни големи натпреварувања.