ФОТО: Ова е 18 годишниот Македонец Андреј Танасковски кого полицијата го бара за обид за убиство

396

Осумнаесетгодишен државјанин на Северна Македонија Андреј Танасковски минатата недела се обидел да го убие Марко Љубиша, со прекар Кан (56), од Будва, соопшти Полициската управа.

Тие истакнуваат дека нивните службеници, во соработка и координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, „по преземање на сеопфатни истражни и полициско-обвинителски мерки и дејствија, обезбедија докази и го расветлија кривичното дело обид за убиство извршено на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва“.