Австро-унгарскиот генерал Пиколомини го изгорел Скопје до темел, но ја зачувал неговата убавина на гравура во негатив. Она што побуди внимание кај архитектот Иван Стојковски од скопско Маџир Маало е токму таа гравура на Скопје од 17 век, што се наоѓа на задната страна на стодинарката.
На банкнотата од сто денари Вардар тече угоре.
Тој за весникот ВЕЧЕР тврди дека е оригиналната што ја изработил Јакобус Харивејн – Антверпен, но е поставена во негатив.
Сметам дека грешката е направена сосема случајно при лиењето на гравурата што може да се случи и денеска и покрај развиената технологија. Најверојатно тогаш таа грешка не била многу битна. Можеби е направена грешка при пресликувањето или при копирањето. Затоа можеби до денеска таа грешка не е забележана, а сликата се експлоатира автоматски со погрешна визура, како што впрочем е и на банкнотата од сто денари, вели Стојковски за весникот ВЕЧЕР.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















