ФОТО: Македонска кик-бокс убавица влегува во ринг против светската првенка!

241

Македонската кик-бокс убавица Викторија Варадинова ќе има предизвик пред крајот на оваа година, затоа што влегува во ринг со светската првенка во рамки на „Купот на нациите“ кој ќе се одржи во Нови Сад, Србија.

Варадинова, која има 19 години, во категоријата К1 до 58 килограми ќе се соочи со Наџа Милјаничевиќ, инаку искусен борач. Македонката долго време се подготвуваше за овој настан и многумина веруваат во нејзина победа, вклучувајќи го и Дејан Митровски – Урко, инаку нејзин тренер и селектор на репрезентацијата.

Варадинова, која е државен првак шест години во низа, од 2014 до 2020 година, во рингот против Милјаничевиќ ќе влезе в недела со почеток од 18:00 часот, а пренос ќе има на „јутуб“ каналот на натпреварувањето.

Викторија Варадинова, која во кариерата има една професионална борба, држи скор од 90 победи и 30 порази во сите свои мечеви, има повеќе од 70 први места на меѓународно ниво во К1, лоу кик и кик лајт, петпати прво место на Европски куп во К1, второ место на Европски и Светски куп… додека нејзината ривалка е двократен светски јуниорски шампион, двократен европски јуниорски шампион, двократен балкански јуниорски шампион и повеќекратен првак на Србија.