Становите за изнајмување во главниот град се едни од најскапите во нашата земја. Се разбира, има и евтини и екстремно скапи станови. Цените варираат, но интересно е тоа што ковид кризата не ја намали цената. Па така, просечно наместен стан од 50 м2. близу централното подрачје се движи од 250- до 300 евра месечно.
Но, има станови кои не само што не се просечни, туку нудат екслузивен престој како во некој хотел со 5 ѕвезди или како во некој холивудски филм… претежно резиденцијални. Гламур, елеганција, софистицираност, ентериер кој го одзема здивот, квадратура како „фудбалско игралиште“… За ваквите задоволства цената разбирливо е да е висока. Секој луксуз се наплатува.
На интернет сајтовите за недвижнини и огласи, конкретно на Реклама 5 наидовме на фантастични станови за изнајмување кои го одземаат здивот.
Првиот е атрактивен четирисобен комплетно наместен стан – дуплекс со нов мебел во Центар, Биси, Бугарска Амбасада. Располага со 180м2, 4 соби (дневна, 3 спални), 2 нивоа, 2 бањи + тераса, 7-ми кат со лифт, Греење на струја, Комплетно опремен.
Цена: 1400 евра за еден месец







Друг стан пак е пентхаус и тоа на Плоштад. Површината му е 210m2 + 70m2 балкон, на последен кат, со дури 2 дневни соби, 3 спални и 3 купатила.
Цена: 1500 евра за еден месец





Третиот е луксузен четирисобен комплетно наместен стан со нов мебел во Карпош, Комплекс Верина Орман. Има 210м2, 4 соби (дневна, 3 спални со сопствени бањи), 2 тераси, на Приземје, Комплетно опремен…
Цена: 1500 евра за еден месец






Извор: Реклама 5

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

