Хрватска во рамки на 3. коло од Мундијалот во Германија и Данска ја победи Македонија што беше прв пораз за нашиот национален тим.
По една прспиена ноќ, ракометарите се вратија во салата „Олимпија Хале“ каде што имаа тренинг. Првин своите обврски ги завршија „коцкестите“, а пота на терен излегоа нашите ракометар.
Интересно, на разминување во тунелот застана Лино Червар кој неколку минути му делеше совети на својот поранешен играч Филип Кузмановски, а потоа им се придружи и Кире Лазаров.